НЕВЕРОЈАТНО Хари Кејн се сели во Сити за сума од 187 милиони евра!
Кејн нема причина зошто да биде незадоволен бидејќи во актуелниот англиски шампион ќе добива плата од 470.000 евра неделно што е навистина огромна плата, а договорот ќе биде потпишан на четири или пет години.
Британски „Сан“ објави бомбастична вест за англискиот репрезентативец и напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн кој се договорил со претседателот на лондонскиот тим, Даниел Леви да се пресели во Манчестер Сити за неверојатни 187 милиони евра, а притоа тој ќе добие плата од 470.000 евра неделно.
Неколку европски гиганти се бореа за потписот на Кејн, но очигледно само еден од нив може да си дозволи да плати 187 милиони евра колку што бара Леви за неговиот фудбалер, а таа сума сигурно нема да се намали со оглед на тоа дека првиот човек на Тотенхем е познат како човек кој не сака да преговара.
Кејн нема причина зошто да биде незадоволен бидејќи во актуелниот англиски шампион ќе добива плата од 470.000 евра неделно што е навистина огромна плата, а договорот ќе биде потпишан на четири или пет години.
– Леви ќе ја искористи ситуацијата што Кејн игра во врвна форма и затоа додаде дополнителна сума која мора да ја плати заинтересираниот тим за англискиот напаѓач – вели близок извор до тимот.