НЕВЕРОЈАТНО ДОСТИГНУВАЊЕ, УЖИВАЈ НОЛЕ Надал му ја честиташе победата

338

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му честиташе на Србинот Новак Ѓоковиќ на освоената, рекордна, десетта титула на Австралија опен.

„Неверојатно достигнување. Честитки до тебе и твојот тим. Апсолутно заслужено, уживај Ноле”, напиша Надал на својот Инстаграм профил.






Ѓоковиќ вчера по 10. пат во кариерата триумфираше на Австралија опен, совладувајќи го во финалето на грен – слемот во Мелбурн. Гркот Стефанос Циципас со 3-0 во сетови.

Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн ја освои својата 22. грен – слем и го израмни рекордот на Надал, а од денеска се врати на чело на АТП ранг-листата.

Поврзани содржини