НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ, СОЗДАДЕН „ЛЕДЕН ГРАД“ Куќи со мраз со дебелина од 30 сантиметри, по невремето се стравува од најлошото (ВИДЕО)

Куќите во населбата Форт Ири се покриени со мраз дебел околу 30 сантиметри. Како што објаснија жителите, тој настанал откако брановите од езерото предизвикани од страшно невреме ги погодиле куќите.

233

Невидена снежна бура го погоди американскиот континент, а на социјалните мрежи кружат видеа од куќи прекриени со мраз покрај езеро во Онтарио, Канада. На нив се гледаат нереални сцени.

Куќите во населбата Форт Ири се покриени со мраз дебел околу 30 сантиметри. Како што објаснија жителите, тој настанал откако брановите од езерото предизвикани од страшно невреме ги погодиле куќите.






Сопствениците стравуваат дека е направена голема штета на куќите. Стравуваат и дека по топењето ќе има поплави.

На снимката се гледа дека крајбрежниот град сега изгледа како град од мраз. Сè е замрзнато, дури и дрвјата пред куќите.

 

Инаку, температурите во Форт Ири за време на невремето беа околу 20 степени под просекот за овој период од годината.

Поврзани содржини