НЕВЕРОЈАТНИ 524 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ОБНОВА НА УКРАИНСКАТА ЕКОНОМИЈА Светска банка ги пресмета штетите од војната
Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди повеќе од пред една година.
Трошоците за обновата на украинската економија по завршувањето на руската инвазија се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.
Британските медиуми пренесуваат дека најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергијата, трговијата и образованието.
Украинската влада со поддршка од донатори годинава издвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби, но сепак ѝ недостигаат речиси 10 милијарди.
Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди повеќе од пред една година.
Околу 13 отсто од становите во Украина се оштетени или уништени, погодувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе.
Во текот на изминатата година евидентирани се 70 отсто повеќе штети на електраните.
Беше наведено дека за реконструкција на станбениот сектор ќе бидат потребни околу 84 милијарди евра, додека само чистењете на урнатините ќе чини речиси 13 милијарди евра. сд/