Неверојатна животна приказна на мајсторот за тетоважи во Аушвиц – крадел накит од нацистите, се заљубил во затвореничка (ФОТО)

Поради тоа што зборувал шест јазици - словачки, германски, руски, француски, унгарски и полски - Лале бил унапреден во главен мајстор за тетоважи во Аушвиц. Добил и документ на кој пишувало „Одделение за политика“ и торба полна со потребите за тетовирање.

1,124

Лале Соколов е човек кој повеќе од 50 години живеел со голема тајна. Поради работата што ја работел и поради местото каде што ја работел работата, Соколов во текот на Втората светска војна го видел најлошото што може да го види еден човек. Со децении никому не му кажал каде и што работел, но кога наполнил 80 години и кога се оддалечил од местото каде што одел на работа, дури тогаш ја открил својата голема тајна – бил мајстор за тетоважи во логорот Аушвиц.

Денеска е жител на предградие во австралискиот град Мелбурн, а во 1916 година се родил во Словачка како Лудвиг Лале Ејсенберг, пренесува „National Geographic“.






– Овој човек, мајстор за тетоважи во најозлогласениот концентрационен логор, кој ги тетовирал рацете на логорашите кои не биле праќани во гасните комори, ја чувал својата тајна поради погрешното уверување дека имал нешто да крие – вели Хедер Морис, писателка која три години ја документирала приказната на Соколов и ја преточила во книга „Мајстор за тетоважи во Аушвиц“.

Таа напишала книга, а за Би-Би-Си открила неверојатни детали од неговиот живот.

– Целиот живот го поминал во страв и параноја поради тие три години што ги поминал во концентрациониот логор. Три години се обидував да дознаам нешто од него. Најпрво требаше да стекне доверба во мене, па потоа потребно беше време за да биде подготвен и да се опушти – рекла Хедер.

Таа открила дека Соколов стравувал дека, ако јавно говори за својата приказна, луѓето ќе почнат да го сметаат за соработник на нацистите.

Тој како 26-годишник, во 1942 година бил одведен во Аушвиц. Таму името му било заменето со бројот 32407, а ангажиран бил како градежник. Работел на проширување на капацитетот на логорот, бидејќи бројот на луѓето внатре постојано растел. Но, набрзо се разболел од тифузна грозница. Додека бил болен, за него се грижел извесен француски учител Пепан. Тој бил оној што го истетовирал идентификацискиот број на Соколов на раката.

Кога оздравел, Лале почнал да работи со Пепан и самиот почнал да тетовира. Потоа, Пепан еден ден едноставно исчезнал. Лале никогаш не дознал што се случило со него.

Поради тоа што зборувал шест јазици – словачки, германски, руски, француски, унгарски и полски – Лале бил унапреден во главен мајстор за тетоважи во Аушвиц. Добил и документ на кој пишувало „Одделение за политика“ и торба полна со потребите за тетовирање.

Како мајстор за тетоважи, ручал во управната зграда, имал повеќе привилегии, спиел во еднокреветна соба и после работа имал право на слободно време.

– Го работел тоа што го работел за да преживее. Ми рече дека никој не му понудил две работи за да може да бира. Ми рече дека го работел она што му било кажано дека треба да го работи. Ја прифатил работата и бил благодарен поради тоа, бидејќи знаел дека следното утро ќе се разбуди – раскажала Хедер.

Тој раскажал дека честопати имал блиски контакти и со доктор Менгеле.

– Менгеле ќе пуштеше некаква опера и ќе седнеше до мене. И ќе ми речеше: Еден ден, мајсторе за тетоважи, ќе те земам и тебе – раскажал тој.

Додека сè уште бил асистент на Пепан, во јули 1942 година, добил задача на кожата на една девојка да го истетовира бројот 34902. Словакот признал дека тетовирањето на младата жена го исполнило со многу чудно и лошо чувство. Пепан тогаш го советувал дека мора да ја заврши работата, инаку нацистите ќе го убијат.

Лале ја зел раката на девојката и додека го тетовирал бројот, таа истовремено го тетовирала својот број на неговото срце. Затвореничката со број 34902 се викала Гита и била сместена во женскиот логор во Биркенау.

Со помош на еден од чуварите, Лале ѝ праќал писма на девојката, а тие писма довеле до тајна средба. Лале се обидувал да се грижи за неа. Потајно ѝ давам намирници и дури успеал да ја префрли на подобро работно место.

Лале ја користел својата позиција на мајстор за тетоважи со цел да нахрани што повеќе луѓе. Менувал дури и пари и накит за храна за затворениците.

Кога во 1945 година, непосредно пред доаѓањето на Русите, Гита Фухрманова исчезнала од животот на Лале. Била помеѓу избраниците кои го напуштиле логорот. Лале, благодарение на накитот што го украл од нацистите, успеал да стигне го своето родно место Кромпахија во тогашна Чехословачка.

Дали можел да се надева дека повторно ќе ја види Гита?

Со коњска кола се упатил кон Братислава, место каде што поврадниците најпрво би дошле. Поминал неколку недели на железничката станица, но немало никаков успех. Шефот на станицата му рекол да се обиде да провери во Црвен крст.

По патот до таму, една млада жена се појавила на улицата пред него.

Се венчале во 1945 година и тогаш и Лале и Гита го промениле презимето во Соколов, со цел подобро да се вклопат во советска Чехословачка. Лале отворил продавница за текстил и таа некое време била успешна, но кога власта открила дека тој потајно праќа пари на Движењето за формирање еврејска држава, продавницата му била затворена, а тој завршил во затвор.

Но, по некое време Лале и Гита побегнале од земјата. Некое време поминале во Виена, па се преселиле во Париз, а на крајот завршиле во Австралија. Лале повторно отворил продавница за текстил, а Гита почнала да дизајнира фустани. Првото дете го добиле во 1961 година.

Поврзани содржини