НЕВЕРОЈАТНА СЛУЧКА ВО ПРЕМИЕРЛИГА Навивач на Евертон влета на теренот и се врза за дирекот! (ВИДЕО)

Фанот го прекина мечот и на себе носеше маичка „сопрете ја нафтата“, па операцијата на обезбедувањето траеше неколку минути. Поради ова, натпреварот беше продолжени 14 минути, а Евертон постигна победнички гол во 99-та минута.

1,033

Една несекојдневна сцена се случи во Ливерпул на натпреварот од Премиер лигата помеѓу Евертон и Њукасл, кога еден навивач истрча на теренот и се врза за стативата.

Фудбалските симпатизери на Премиер лигата беа сведоци на една раритетна и неверојатна ситуација, бидејќи натрапникот кој влета на теренот се одлучи да направи луд чин.

 






Навивач на Евертон влета на тревникот на „Гудисон парк“ и се врза за врат стоејќи до десниот директ, потег со кој им додели неочекувано тешка задача на луѓето од обезбедувањето.

 

Фанот го прекина мечот и на себе носеше маичка „сопрете ја нафтата“, па операцијата на обезбедувањето траеше неколку минути. Поради ова, натпреварот беше продолжени 14 минути, а Евертон постигна победнички гол во 99-та минута.

 

Поврзани содржини