НЕВЕРОЈАТНА СЛУЧКА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Воз удри во паднат авион, пилотот спасен во последна секунда (ВИДЕО)

Припадници на полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога воз што поминувал го уништил авионот.

658

Пилот на мал авион „цесна“ што се урна на пруга беше буквално во последна секунда спасен од полициските службеници во Лос Анџелес, пред воз да удри во леталото.

Драматичното видео кое на Твитер го објави полицијата во Лос Анџелес покажува како неколку полицајци ослободуваат маж од паднат авион, кој се урнал набргу по полетувањето во областа Пакоима.






Припадници на полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога воз што поминувал го уништил авионот.

– Авионот не успеа да полета и слета на железничка пруга на сообраќајна раскрсница – рече Луис Хименез кој го снимил видеото.

Пилотот се здобил со исеченици и модринки, но тој е во стабилна состојба. Во возот нема повредени, јавуваат локалните медиуми.

На видеото објавено од полициската управа во Лос Анџелес на Твитер се гледа како полицијата го извлекува пилотот од авионот.

Одделот на полицијата ги пофали своите вработени и преку Твитер објави дека „покажале херојство и брза акција спасувајќи го животот на пилотот кој бил принуден да слета на пругата“.

 

Поврзани содржини