НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ЗА НЕ ТОЛКУ УСПЕШЕН ФУДБАЛЕР Случајно дознал дека е принц, наследил остров и милиони долари!
Сепак, Амат засега тврди дека неговиот живот нема многу да се промени, но веќе ветил дека ќе работи на подобрување на условите на индонезискиот остров и дека финансиски ќе им помага на луѓето.
Жорди Амат е триесетгодишен шпански фудбалер кој не ѝ е многу познат на пошироката јавност. Додуша, тој играше за Еспањол, Бетис, Рајо Ваљекано и за младинските тимови на шпанската репрезентација, а дел од кариерата помина и во тимот Свонси во англиската Премиерлига.
Тој никогаш не бил голема ѕвезда и не заработувал многу пари од фудбалот, како некои негови многу попознати колеги, но сето тоа се промени преку ноќ. Имено, Амат сосема случајно дознал дека е индонезиски принц и наследил остров и богатство од милиони долари во оваа океанска земја.
„Виновна“ е неговата баба
Амат е роден во предградието Кане де Мар на периферијата на Барселона, а неговите родители се од Каталонија. Меѓутоа, неговата баба е од островот Сиау во Индонезија. Станува збор за остров со површина од околу 160 квадратни километри.
– Според последниот попис, таму живеат нешто повеќе од 45.000 луѓе. Знаев дека постои можност да земам индонезиско државјанство поради баба ми, а тоа секогаш ми беше интересно поради нејзините приказни – изјави Амат во интервју за Марка.
Минатиот ноември, Амат, кој моментално игра за малезискиот клуб Јохор Дарул Тазим, конечно стана индонезиски државјанин.
– Многу ми олесна и бев пресреќен. Знаев дека за некои мои колеги процесот траеше седум години – рече тој.
View this post on Instagram
Стана принц и заигра за репрезентацијата на Индонезија
Сепак, бабата на Амат не е која било Индонезијка. Фудбалерот претходно откри дека таа е подалечен потомок на индонезискиот крал и дека била принцеза на островот во сопственост на нејзиното семејство. Прадедото на Амат бил владетел на повеќе острови. Амат сосема случајно дознал дека има право да ги наследи сопственоста врз еден остров и титулата. Со тоа што добил индонезиско државјанство, отстранети се сите пречки Амат да биде именуван за принц.
Сепак, Амат засега тврди дека неговиот живот нема многу да се промени, но веќе ветил дека ќе работи на подобрување на условите на индонезискиот остров и финансиски ќе им помага на луѓето.
Покрај тоа, Амат годинава дебитираше за фудбалската репрезентација на Индонезија и веќе одигра четири натпревари за својата нова татковина.
View this post on Instagram