НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ Агенција за маркетинг нуди попуст од 90%

Во чест на универзалното полнолетство од 21 година, на крајот на март, маркетинг агенцијата Division ќе избере 21 кандитат од пријавените мали бизниси, стартапи или поединци, велат од агенцијата. 

112

Mаркетинг агенцијата Division по повод 21 година постоење објави повик за малите бизниси, стартап компании и поединци на кои им подарува попуст од 90% на дел од своите услуги.

– Во време на повеќегодишна пандемија, малите бизниси се меѓу најпогодените од последиците на оваа состојба која сè уште трае. Токму на нив оваа помош им е најпотребна. Во чест на универзалното полнолетство од 21 година, на крајот на март, маркетинг агенцијата Division ќе избере 21 кандитат од пријавените мали бизниси, стартапи или поединци – велат од агенцијата. 






Овие субјекти ќе можат да ги добијат следните услуги со неверојатен попуст oд 90%, а тоа се само дел од услугите кои Division ги нуди како full service маркетинг агенција:

– Креирање темплејти/насоки за објави на социјални мрежи

– Дизајн за креирање на one-pager презентациска веб страна

– Дизајн на пакување/етикета

– Изработка на корпоративни материјали (нотеси, папки)

– Изработка на лого

– План и стратегија за спонзорирање на содржина на Google (GDN, YT или search кампања)

– План и стратегија за спонзорирање на содржина на Инстаграм или Фејсбук

– Дизајн на принт материјал (постер, флаер, брошура)

– Фотосесија на продукт со ограничен број на фотографии -10

– Анализа и препораки за подобрување на дигитално присуство/ Совети за стратегија за интегрирана маркетинг кампања.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк.

За сите дополнителни информации и прашања, контакт на мејл: [email protected].

Поврзани содржини