НЕВЕРОЈАТНА КРЕАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР Тони Матичевски го облече ангелот на „Викторијас сикрет“ (ФОТО)

Џозефин Скривер изгледала неверојатно елегантно додека позирала на премиерата на „Downton Abbey: A New Era“ во Метрополитен операта во Њујорк во неделата.

676

Светски познатиот топмодел Џозефин Скривер блесна во креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски.

Џозефин Скривер (29) изгледала неверојатно елегантно додека позирала на премиерата на „Downton Abbey: A New Era“ во Метрополитен операта во Њујорк во неделата.

 






Моделот на „Викторијас сикрет“ облекла бледо розова тоалета до подот, покажувајќи ги своите затегнати нозе со смел изрез до бутовите.

Неверојатната тоалета има асиметричен дизајн, едното рамо е откриено, додека другото го красат богати карнери.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

„Дејли мејл“ објави дека супермоделот носи дизајн по нарачка на омилениот бренд за вечерна облека – Тони Матичевски.

„Ја сакаме карактеристиката со еден ракав и пудрестата розова нијанса, со целосното здолниште и изрезеот до бедрата создава убава драма.“

Инаку, Џозефин, која по потекло е од Данска, ги носи ревиите на светски познатите брендови, ги красела страниците на магазинот „Спортс  илустрејтед“, заштитно лице е на козметичкиот гигант „Мејбилајн“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josephine Skriver (@josephineskriver)

Тони Матичевски е македонски дизајнер кој живее во Австралија. Славните ѕвезди ширум светот обожаваат да ги носат неговите креации, меѓу кои и Ким Кардашијан и Џенифер Лопез.

ФОТО: Фејсбук/Инстаграм

Поврзани содржини