НЕВЕРОЈАТНА ГРЕШКА КОЈА ЌЕ ЈА ПЛАТИМЕ СИТЕ Санчез жестоко ја критикува операцијата против Иран

Тензиите меѓу Шпанија и САД се зголемија откако шпанскиот премиер Педро Санчез ја нарече операцијата на САД и Израел против Иран „исклучителна грешка“ и одби користење на американски воени бази во Шпанија.

752

Шпанскиот премиер Педро Санчез порача дека односите меѓу Шпанија и САД мора да се темелат на лојална соработка, а не на конфронтација, во период кога тензиите меѓу двете земји се зголемија поради војната на Блискиот Исток.

Санчез повторно остро ја критикуваше воената операција против Иран, во која учествуваат САД и Израел, оценувајќи дека станува збор за „исклучителна грешка“ со сериозни последици.






– Оваа војна во Иран, според мене и според мислењето на Шпанија, е исклучителна грешка за која ќе платиме – изјави Санчез.

Тензиите дополнително се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше шпанскиот премиер затоа што Мадрид не им дозволи на американските сили да користат две воени бази во Шпанија како дел од операцијата против Иран.

Санчез истакна дека нападот врз Иран не е во согласност со меѓународното право и предупреди дека ваквите потези можат дополнително да ја дестабилизираат ситуацијата во регионот.

Поврзани содржини