Лионел Меси не се појавил на неодамнешното тестирање на тимот за коронавирусот, а извесно е дека се подготвува за заминување од „Камп Ноу“ стадионот.
Поради недоаѓањето на почетокот на подготовките, Барселона најави дека ќе го казни, а сега протекла информација за колкав износ станува збор.
Клубот одлучил да му ги скратат проимањата за сезоната 2020/21 за секој ден во кој тој нема да се појави, а казната како што пренесуваат некои медиуми е 110.000 евра по ден, бидејќи тој сѐ уште со договор е врзан за каталонскиот клуб.