НЕВЕРОЈАТЕН ПОДВИГ Со авион прелета преку два тунели со 245 км/час и го собори светскиот рекорд (ФОТО+ВИДЕО)

Храбриот пилот се спушти на само еден метар над земјата и имаше само четири метри од двете страни на неговиот специјално направен авион. Вкупната должина на летот беше 1.610 метри. Помина низ два тунели со просечна брзина од 245 км/ч.

1,120

Италијанскиот пилот Дарио Коста во саботата влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Летајќи низ два тунели на автопатот Северна Мармара во Истанбул, Дарио го собори светскиот рекорд во најдолгиот лет со авион низ тунел. Неговиот лет низ тунелите Т1 и Т2 траеше вкупно 43,44 секунди.






Храбриот пилот се спушти на само еден метар над земјата и имаше само четири метри од двете страни на неговиот специјално направен авион. Вкупната должина на летот беше 1.610 метри. Помина низ два тунели со просечна брзина од 245 км/ч.

Најпредизвикувачкиот дел од летот беше отворениот простор помеѓу двата тунели, каде што обично дуваат силни ветрови, но Коста го надмина тој предизвик. Тој го прослави успешен лет изведувајќи акробации во воздух.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Red Bull (@redbull)

Поврзани содржини