НЕВЕРОЈАТЕН ЕГЗОДУС Повеќе од 500.000 Украинци избегале од војната во својата земја

Најмногу бегалци иа во Полска, Унгарија и Молдавија.

276

Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН.

Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на бегалските кризи речиси 40 години и дека „ретко видел таков неверојатно брзо растечки егзодус на луѓе – најголем, секако во Европа, од балканските војни“.






– Над 280.000 избегаа во Полска. Други 94.000 се во Унгарија, речиси 40.000 моментно се во Молдавија, 34.000 во Романија, 30.000 во Словачка и десетици илјади во други европски земји. Свесни сме и дека значителен број заминале во Руската Федерација – нагласи Гранди.

Поврзани содржини