НЕВЕРА, БУГАТИ И ФЕРАРИ Мате Римац ги собра најмоќните автомобили на Крк (ВИДЕО)

„Тука има 100 милиони евра во автомобили. Просечниот член на овој клуб поседува 60 автомобили со просечна вредност од 1,2 милиони американски долари по автомобил. Верувам дека „помоќна“ група луѓе никогаш не дошла во Хрватска – што може да донесе многу добри резултати. Ако имаме што да им понудиме …“, рече Римац претходно на својот Фејсбук со фотографии од моќните автомобили во гаражата на хотелот во Загреб.

756

Сопствениците на најскапите и најмоќните суперавтомобили во светот дојдоа на островот Крк во Хрватска на покана на Мате Римац, пишува 24сата. Кога велиме суперавтомобили, тоа се болиди со перформанси и особини далеку позавидни од која било кола што ќе ја видиме по улиците. Бугати, Ферари и Невера со траект беа истоварани на шоуто во Крк, а на тестот за брзина, секако победи електричната Невера на Римац.






„Никогаш немало помоќна група на луѓе дојдени во Хрватска“, напиша Римац, мислејќи на милиониерите од Supercar Owner’s Circle, кои ги поседуваат овие 60 болиди вредни не помалку од 100 милиони евра.

Погледнете го шоуто.

– Тука има 100 милиони евра во автомобили. Просечниот член на овој клуб поседува 60 автомобили со просечна вредност од 1,2 милиони американски долари по автомобил. Верувам дека „помоќна“ група луѓе никогаш не дошла во Хрватска – што може да донесе многу добри резултати. Ако имаме што да им понудиме … -рече Римац претходно на својот Фејсбук со фотографии од моќните автомобили во гаражата на хотелот во Загреб.

Покрај тоа што автомобилите беа пред загрепскиот ХНК, подоцна ги покажаа своите вештини на тестовите за забрзување во Велика Горица. Толпата се собра по патеката, имаше шанса да ги види Невера и другите болиди во акција.

Невера на Мате Римац ја „изеде“ конкуренцијата и се покажа како убедливо најбрза на тестот, што можете да го видите во видеото.

Погледнете ја Невера во акција.

– Горди сме, не само на она што го правиме овде, туку сакаме и купувачи на такви автомобили да дојдат во нашата земја и да ја комбинираат убавината на нашата земја со нашите производи. Горди сме што сме партнери со Supercar Owner’s Circle оваа година, каде десетици најексклузивни автомобили во светот ќе дојдат во Хрватска – рече Мате во најавата за собирот на Фејсбук.

Поврзани содржини