НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА „МИЦУБИШИТО“ Две лица се расправале среде Велес

По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од СВР Велес.

249

Жител на неготинско село синоќа пријавил во полиција дека неговата невенчана сопруга му го оштетила возилото, информираа денеска од СВР Велес.

„Синоќа во 19.40 часот ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила неговото патничкото возило „мицубиши“. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од СВР Велес.

 

 

 

Поврзани содржини