НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВО ЗАГУБА Дури 82 отсто од нив последните три месеци не го преживеале ковид-19

Од 48.955 лица кои биле заразени со коронавирусот во анализираниот период  35.069, граѓани, односно 72 отсто не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица меѓу невакцинираните изнесува 78 отсто.

651

Од 48.955 граѓанин кои во изминатите три месеци биле позитивни на ковид-19, вакцинирани со две дози вакцина се 13.886 лица или 28 отсто, покажува последната тримесечна анализа на Министерството за здравство која се однесува на периодот 6 август – 4 ноември.

Според податоците од анализата, од вкупно болнички лекуваните 22 отсто се вакцинирани, а фатален крај имало кај 312 заболени од ковид-19 односно 18 отсто кои биле вакцинирани.






Статистика за анализираниот период покажува дека невакцинираните се повеќе подлежни на заразување со коронавирусот, поголем дел од нив мора болнички да се лекуваат и е поголем бројот на оние кај кои лекувањето завршило со смрт.

Од 48.955 лица кои биле заразени со коронавирусот во анализираниот период 35.069, граѓани, односно 72 отсто не биле вакцинирани. Процентот на примени во болница лица меѓу невакцинираните изнесува 78 отсто, додека 82 отсто од невакцинираните не го преживеале вирусот.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Од Министерството информираат дека пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

– Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна – велат од Министерството за здравство.

Поврзани содржини