НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СИ ИГРААТ РУСКИ РУЛЕТ СО ЖИВОТОТ Српскиот имунолог ги опишува последиците од короната

Многу луѓе не се свесни за тоа дека ако не се вакцинираат, практично доаѓаат во ситуација да играат руски рулет со својот живот, вели српскиот имунолог д-р Јанко Николиќ Жугиќ.

1,227

Српскиот доктор Јанко Николиќ Жугиќ, кој е меѓународно признат имунолог и геронтолог на Универзитетот во Атизона, вели дека луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19, практично си играат руски рулет со короната.

– Вакцините се покажаа како прилично ефикасни кај повозрасното население, а особено оние вакцини кои ние во САД ги проучувавме. Тоа се вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“. Јас и мојот тим направивме и нов тест за антитела против коронавирусот, кој има точност поголема од 99 проценти. Тоа многу ни помогна за да сфатиме колку луѓе навистина се заразени со вирусот. Тестот не е изработен за комерцијална употреба, туку е направен како еден вид примерок со цел да се направи најпрецизно тестирање. Затоа, слободно ќе кажам дека во моментов постојат само две популации во светот: вакцинирани и невакцинирани. Разликата е во тоа што вакцинираните се заштитени и ако тие се заразат со ковид-19, најверојатно ќе добијат благи симптоми. Но, невакцинираните се комплетно изложени на малигни видови вируси – објаснува д-р Жугиќ, пренесува Мондо.






Мои колеги не беа во состојба да функционираат и дури 18 месеци не можеа да излезат од дома без боца со кислород.

Д-р Јанко Николиќ Жугиќ Имунолог

Тој вели дека граѓаните треба добро да се информираат за значењето на поимот „продолжен ковид“, бидејќи тој предизвикува сериозни последици.

– Многу луѓе не се свесни за тоа дека ако не се вакцинираат, практично доаѓаат во ситуација да играат руски рулет со својот живот. Многу често се случува невакцинираните луѓе да имаат долготрајни последици по прележувањето на болеста, а тие последици можат да бидат објективно катастрофални. Мои колеги не беа во состојба да функционираат и дури 18 месеци не можеа да излезат од дома без боца со кислород. Не можеа јасно да комуницираат, да зборуваат и да размислуваат, а тоа е многу страшно за некој што во минатото се занимавал со многу сложени процеси – предупредува д-р Жугиќ.

Поврзани содржини