НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЕ „ФАБРИКИ“ ЗА НОВИ СОЕВИ Д-р Шакиќ вели дека постојат три типа на луѓе (ВИДЕО)
Луѓето можеме да ги поделиме на вакцинирани, тие што се двоумат и тие кои одбиваат да се вакцинираат, а последните можат да бидат потенцијален проблем кога станува збор за одржувањето во живот на вирусот преку неговите нови мутации.
Постојат луѓе кои сакаат да се вакцинираат и тоа се околу 65 отсто од светското население, 25 отсто се оние кои се двоумат да го направат тоа, а последните 10 отсто се тие што одбиваат, вели познатиот српски биолог и невроимунолог д-р Борис Шакиќ, цитирајќи студија објавена во „Природа“, пишува Мондо. Токму тие 10 отсто можат да станат фабрики за развивање на нови мутации на коронавирусот, а според Шакиќ затоа е битно науката да допре до овие луѓе.
– Тие што не се вакцинирани се фабрики за нови соеви – потенцира невроимунологот, додавајќи дека никој не предвидувал дека има толку многу луѓе што не сакаат да се вакцинираат.
Кампањата за вакцини да ја водат тие на кои најмногу им веруваме
Шакиќ смета дека меѓу оние кои се сомнителни и отпорни има многу психотични луѓе или верници, па затоа е важно да им се обратиме и да им објасниме. Според неговото мислење, треба да бидат ангажирани оние за кои се верува дека ги мотивираат луѓето за да се вакцинираат. Во спротивно мутациите ќе се шират. Единствената добра вест е можеби тоа што новата мутација на делта-сојот, т.н. делта-плус сој, не е посмртоносен од својот претходник, иако е позаразен и веќе владее со Велика Британија.
Минатиот викенд во соседна Србија од коронавирус почина 121 лице. Започна казнувањето за непочитување на мерките, а резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата „Ипсос“, Филозофскиот факултет и Здружението за јавно здравје покажуваат дека 38 отсто од полнолетните граѓани на Србија, повеќето млади, сè уште се двоумат околу вакцинацијата.
Во многу земји сè уште се носат маски
Каква е ситуацијата во другите земји? Професорот рече дека состојбата во Канада каде што тој живее и предава на Универзитетот Мек Мастер во Хамилтон се подобрува, дека вакцинацијата почнала во април и оти добро се одвива.
– Секоја провинција во Канада има свои правила. Во делот каде што живеам, внимателно се почитуваат сите мерки што се донесени – рече Шакиќ.
Според него, маски се носат во сите продавници, како и во јавниот превоз.
– Канада има потенцијал да вакцинира 86 отсто од населението, останатите се деца и стари лица, кои не можат да се вакцинираат поради некои здравствени причини – рече професорот Шакиќ, додавајќи дека сега мерките во таа земја се релаксираат и полека луѓето се враќаат во нормала.
Тој изјави дека децата се враќаат во училиштата, но носат кеси со месо, а ако училиштето има епидемиски неповолна состојба, мора самото да ја локализира епидемијата.

Црни рекорди и нови карантини во Европа
Романија од овој понеделник воведува ноќен карантин, прославите се забранети, училиштата и градинките се затворени, продавниците работат на кратко.
Русија поставува нов црн рекорд кога станува збор за бројот на загинати, а во Москва се воведува карантин. Франција ја продолжи важноста на ковид-потврдите до крајот на јули следната година.
На невакцинираните во Австрија им се заканува затвор доколку се влоши состојбата на одделенијата за интензивна нега.