НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ПАК ЌЕ СЕ ЗАРАЗАТ ЗА ГОДИНА ДО ДВЕ Научниците открија колку трае имунитетот од прележаното
Природниот имунитет не штити доволно и во секое сценарио потребна е вакцина. Резултатите сугерираат дека просечниот ризик од реинфекција се зголемува од околу 5 отсто веќе четири месеци по првичната инфекција, а се намалува и до 50 отсто по 17 месеци, односно година до две од првиот пат кога сме го прележале коронавирусот, а потоа сме одбиле да се вакцинираме.
Кратко ќе можат да уживаат во својата слобода луѓето кои не сакаат да се вакцинираат или да почитуваат мерки, вели нова студија објавена во „Природа“, бидејќи ги чека повторно заразување со коронавирусот по година до две. Нашиот природен имунитет кон короната трае скоро половина пократко од оној што го имаме кон грипот и слични вируси, откриле научниците.
Со други зборови, природниот имунитет не штити доволно и во секое сценарио потребна е вакцина. Резултатите сугерираат дека просечниот ризик од реинфекција се зголемува од околу 5 отсто веќе четири месеци по првичната инфекција, а се намалува и до 50 отсто по 17 месеци, односно година до две од првиот пат кога сме го прележале коронавирусот.
„Сепак треба да се вакцинирате дури и ако (еднаш) сте се заразиле“, вели коавторот на студијата Џефри Таунсенд, биоинформатичар од Факултетот за јавно здравје Јеил во Конектикат.
Истражувањето било направено врз модел на врските помеѓу SARS-CoV-2 и другите типови на коронавируси, на пример, обичниот грип. Дополнителни податоци во текот на следните месеци и години ќе бидат неопходни за да се знае точно колку долго трае природниот имунитет.
„Но, ние не сакаме да го чекаме тоа. И не мораме“, вели Таунсенд.

Короната ќе стане дел од нас, исто како грипот
Можеби најфрапантното нешто до кое дошла студијата е дека коронавирусот ќе се одомаќини на нас и дека кога ќе стивне пандемијата, тој ќе се претвори во ендемска болест, карактеристична за секој човек, налик на настинката и грипот. Таунсенд вели дека бил „изненаден и исплашен“ од неговите наоди.
Но, дали можеме да ѝ веруваме на компјутерска симулација за вирусот? Згора на тоа, бидејќи имале малку расположливи генетски информации за коронавирусот, научниците морале да комбинираат информации од други типови на коронавируси за да предвидат какво ќе биде неговото семејно стебло и неговото ширење.
Суперимунитет? Веројатно нема такво нешто
Значи, суперимунитет не постои, туку сите ќе мора да се вакцинираме. Сепак, научниците признаваат дека сериозноста на болеста ќе биде различна кај секој човек и веројатноста дали тој ќе има долг и мачен ковид или лесно прележување треба понатаму да биде истражувана.
Сара Коби, еволутивен биолог на Универзитетот во Чикаго во Илиноис, предупредува дека
дека можеби е прерано да се даде сигурна изјава за тоа колку брзо опаѓа заштитата откако ќе се заразиме и ќе го прележиме вирусот. Но, според неа науката сугерира дека заштитата навистина ќе ослабне:
– Никој не би очекувал имунитетот да трае толку долго со вирус кој конкретно се развива за да избега од имунитетот – вели Сара.
И да сте прележани, без вакцина имате дупло шанси пак да се заразите
Сара, исто така, ја нагласува потребата луѓето кои биле заразени да ја зајакнат својата заштита со вакцина – точка што е поттикната од истражувањето објавено од Центрите за контрола и превенција на болести на САД во август.
Студијата ги разгледа луѓето кои добиле ковид-19 во 2020 година, од кои некои повторно се заразиле во мај или јуни 2021 година. Откри дека оние кои не биле вакцинирани имале повеќе од двојно поголеми шанси да се реинфицираат во тој период од оние кои го прележале вирусот, а потоа биле вакцинирани.