НЕВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ НЕНАДЕЈНО ДА ПОЧИНАТ И ШЕСТ МЕСЕЦИ ПО КОВИД Предупредување на анестезиолог

Анестезиологот д-р Иво Удовиќ вели дека додека глобално не се стекне колективен имунитет, ќе нема крај на мутациите на вирусот и на новите соеви. Според Удовиќ, многу скоро може да очекуваме нови и полоши соеви.

5,639

Младите кои се невакцинирани и кои ќе го прележат коронавирусот со поблага форма не смеат да бидат сигурни дека во пост ковид периодот нема да имаат некои сериозни компликации, предупредува српскиот анестезиолог, д-р Иво Удовиќ.

– Вирусот дефинитивно остава трајни последици, особено на крвните садови, а не постои дијагностика која може да ги види сите оштетувања. Тоа сигурно ќе им го промени квалитетот на живот, а оттука е и ненадејната смрт кај пациенти кои прележале корона во изминатите шест месеци или една година – вели анестезиологот Удовиќ, командант на ковид болницата „Карабурма“.






Тој објаснува дека вакцината против коронавирусот е како панцир во војската.

– Кога сте на фронт, панцирот ќе ве заштити од куршуми. И доколку одите кон куршум, подобро е да одите со панцир. А ако одите кон вирус, подобро е да одите со антитела кои вакцината ќе ги создаде, бидејќи никогаш не знаете како може да поминете и со короната и во пост ковид периодот – објаснува лекарот.

Тој додава дека оштетувањата на белите дробови по прележан ковид се непоправливи. Тој објаснува дека повеќето млади лица кои починале од коронавирусот биле невакцинирани. Удовиќ вели дека додека глобално не се стекне колективен имунитет, ќе нема крај на мутациите на вирусот и на новите соеви. Според нег,о многу скоро може да очекуваме нови и полоши соеви.

Поврзани содржини