НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ГИ НАПОЛНИЈА БОЛНИЦИТЕ Во Германија повеќето на интензивна нега се под 60 години

Повеќето пациенти во болниците со ковид-19 се на возраст од 35 до 59 години, но ризикот од смрт е сепак највисок кај постарите лица, се додава во извештајот.

482

Во Германија има повеќе луѓе на возраст под 60 години на одделенија за интензивна нега отколку оние на возраст над 60 години, што веројатно е резултат на фактот дека вакцинацијата против ковид-19 е помала кај помладата популација отколку кај постарите лица, пишува агенцијата ДПА.

Помеѓу средината на август и почетокот на септември, повеќе пациенти на возраст од 18 до 59 години биле третирани на интензивна нега отколку оние над 60 години, се вели во извештајот на Институтот Роберт Кох, објавен вчера.






Во Германија, 83 проценти од луѓето постари од 60 години се целосно вакцинирани, додека 67 проценти од оние на возраст од 18 до 59 години примиле две дози од вакцината.

Зголемување од 22 проценти за една недела

Повеќе од 1.400 пациенти со ковид-19 се на интензивна нега, што претставува зголемување од 22 проценти во споредба со минатата недела, се вели во извештајот.

Најголем број пациенти на интензивна нега досега е забележан во Германија за време на Божиќниот период во минатата година, околу 5.760.

Повеќето пациенти во болниците со ковид-19 се на возраст од 35 до 59 години, но ризикот од смрт е сепак највисок кај постарите лица, се додава во извештајот.

62% од населението вакцинирано

Стапката на вакцинација во Германија кај сите возрасни групи малку се зголеми од минатата недела, од 61 на 62 проценти.

Разликата во вакцинирањето на различни возрасни групи, исто така, произлегува од фактот дека лицата над 12 години добиле препорака за вакцинација само во средината на август и сега околу 24 проценти од оние на возраст од 12 до 17 години се целосно вакцинирани.

Поврзани содржини