НЕУСПЕШЕН „ШОПИНГ“ ВО АЕРОДРОМ Грчки државјанки завршија во полициска станица

Кражбата се случила во вечерните часови на 14 февруари, а осомничените биле приведени ден подоцна во Скопје

278

Две државјанки на Грција, на возраст од 46 и 26 години, биле приведени во Скопје под сомнение дека украле козметички производи од продажно место во трговски центар во општина Аеродром.

Кражбата се случила на 14 февруари во вечерните часови, кога, според сомневањата, тие одзеле повеќе производи од продавница во трговскиот центар.






Полицијата ги привела следниот ден околу 19 часот. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава.

Поврзани содржини