НЕУСПЕШЕН АТЕНТАТ ВРЗ ПРЕМИЕРОТ НА ХАИТИ Брзата реакција на обезбедувањето спречи трагедија (ВИДЕО)

По инцидентот, властите откажале бројни други настани низ земјата планирани за прославата на Денот на независноста на Хаити од Франција на 1-ви јануари 1804 година.

1,051

Засега непознати напаѓачи извеле неуспешен атентат врз премиерот на Хаити, Ариел Анри, во текот на прославата на 218-годишнината од независноста на земјата во северниот град Гонаивс, пренесува локалната телевизија „teleSUR“.

Откако премиерот Анри го напуштил храмот во кој се служела миса по повод празникот, во близината на црквата се слушнале неколку истрели. Обезбедувањето брзо го евакуирало премиерот на безбедно место и тој не бил повреден. Во прилогот се додава дека во престрелката која следела најмалку едно лице е убиено, а неколку се ранети.






По инцидентот, властите откажале бројни други настани низ земјата планирани за прославата на Денот на независноста на Хаити од Франција на 1-ви јануари 1804 година.

– Во соборниот храм во Гонаивес дојде до пукање, при што најмалку едно лице загина, а неколку се ранети. Премиерот на Хаити не е повреден – објави телевизијата „VTV“.

Потсетува дека кон крајот на декември, вооружените банди кои се активни во Хаити го предупредиле премиерот Анри да не присуствува на официјални настани во Гонаивс, а исто така извеле вооружен напад врз работниците кои ја поставувале бината на главниот плоштад во градот.

Владината и безбедносна криза низ која минуваше Хаити последните години остро се влоши летово, откако на 7 јули 2021 година беше изведен добро организиран атентат врз претседателот Жованел Моисе, од група колумбиски платеници, а сè уште е загатка причината за неговата ликвидација, како и нарачателите. Потоа во август земјата беше погодена од разорен земјотрес кој однесе над 2.200 човечки животи, поради што хуманитарните агенции на ОН предупредуваат за големо влошување и на безбедносната и на хуманитарната ситуација на Хаити.

 

Поврзани содржини