НЕТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ ИЗНЕСУВА 3,34 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Приватниот долг учествува со 59 отсто во долгот
Бруто надворешниот долг, пак, се искачи на 83, 5 отсто од проектираниот БДП.
Бруто надворешниот долг, на крајот на септември од 2021 година, изнесува 9,87 милијарди евра или 83,5 отсто од проектираниот БДП и бележи квартално намалување од 300 милиони евра. Бруто надворешните побарувања забележаа намалување од 235 милиони евра и изнесуваат 6,53 милијарди евра, покажуваат податоција на Народната банка.
-Поголемото квартално намалување на обврските во однос на побарувањата доведе до намалување на нето надворешниот долг за 64 милиони евра, оценува НБ.
На крајот на септември нето надворешниот долг изнесува изнесува 3,34 милијарди евра и изнесува 28, 2 отсто од проектираниот БДП.
Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 отсто.
-Во текот на третото тримесечје од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 19 милиони евра и изнесува 7,1 милијарда евра или 60,1 отсто од проектираниот БДП за 2021 година. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал – информира Банката.