НЕТФЛИКС ЗНАЕ ДЕКА ГИ ДЕЛИТЕ ЛОЗИНКИТЕ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ Ќе ве натера да платите
Новата функција „додај дополнителен член“ ќе им овозможи на претплатниците на Netflix Standard и Netflix Premium да додаваат налози за најмногу две лица со кои не живеат.
„Нетфликс“ ги засилува своите напори за борба против практиката на споделување лозинки меѓу корисниците.
Компанијата објави дека започнува со тестирање на нови опции за додатоци (add-on) за корисниците, кои им овозможуваат на луѓето лесно и безбедно да ги споделуваат своите лозинки со луѓе надвор од нивното домаќинство, но за тоа ќе мора да платат малку повеќе.
„Отсекогаш на луѓето кои живеат заедно им олеснувавме да го споделат својот налог на „Нетфликс“, со функции како што се посебни профили и повеќе стримови преку нашите Standard и Premium планови. Иако беа многу популарни, тие исто така создадоа одредена конфузија за тоа кога и како „Нетфликс“ може да се дели. Како резултат на тоа, нелозите се делат помеѓу домаќинствата, што влијае на нашата способност да инвестираме во нови ТВ содржини и филмови за нашите членови“, истакнува Ченги Лонг, директор за иновации на производи во „Нетфликс“.
Новата функција „додај дополнителен член“ ќе им овозможи на претплатниците на Netflix Standard и Netflix Premium да додаваат налози за најмногу две лица со кои не живеат. Секој од овие луѓе ќе добие свој профил и персонализирани препораки.
„Нетфликс“ функцијата моментално се тестира во неколку земји (Чиле, Костарика и Перу). Засега нема информации за плановите кога функцијата би можела да се прошири на останатите корисници ширум светот.
Покрај тоа, „Нетфликс“ ја тестира можноста да им дозволи на претплатниците да ги префрлаат корисничките профили на новите налози.