НЕТАНЈАХУ САКА ДЕМИЛИТАРИЗИРАНА ГАЗА Израел постави три услови за крај на војната

Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира, напиша Нетанјаху во авторски текст за Волстрит Џурнал.

226

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има три предуслови за воспоставување мир со Палестинците во Појасот Газа.

„Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира“, напиша Нетанјаху во авторски текст за Волстрит Џурнал (Wall Street Journal).






Тој посочи дека САД, Велика Британија, Франција, Германија „и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група“.

„За да се постигне таа цел, нејзините воени капацитети мора да се уништат и да се стави крај на нејзината политичка моќ над Газа“, напиша Нетанјаху.

Поврзани содржини