НЕТАНЈАХУ ПРВПАТ ГО ПРИЗНА ЕРМЕНСКИОТ ГЕНОЦИД Израел досега се двоумеше околу официјалното признавање

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објасни дека Кнесетот неодамна усвоил резолуција со која масакрот врз Ерменците, Асирците и Грците од 1915–1917 година се признава како геноцид. На директното прашање дали и лично го признава тоа, тој кусо одговори: „Штотуку го сторив тоа“.

76

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху првпат експлицитно изјави дека го признава масакрот врз Ерменците во Османската Империја за време на Првата световна војна како геноцид, објавија израелските медиуми.

Изјавата беше дадена за време на поткаст со новинарот Патрик Бет-Давид, пренесе „Џерузалем пост“.






На прашањето зошто Израел се двоуми да го признае масакрот врз Ерменците, Асирците и Грците од 1915-1917 година како геноцид, Нетанјаху посочи дека неодамна Кнесетот усвоил резолуција со која овие настани се признаваат како геноцид.

На инсистирањето на новинарот за неговото лично признавање, Нетанјаху одговори:

– Штотуку го сторив тоа.

Бет-Давид, кој е етнички Ерменец и Асирец, истакна дека ова прашање е особено важно за него и дека многу Ерменци, Асирци и Грци очекуваат признавање на геноцидот од светските лидери.

Израелските пратеници во повеќе наврати, вклучително во 2018 година и во 2021 година, поднесуваа предлози за официјално признавање на Ерменскиот геноцид во Кнесетот, но тие беа отфрлани.

Турција, како правен наследник на Османската Империја, категорично се противи на класификацијата на овие настани како геноцид.

Поврзани содржини