НЕТАНЈАХУ ПРЕД УЛТИМАТУМ Ако не го подготви новиот воен план Ганц ја напушта владата

На прес-конференција, Ганц рече дека бара воениот кабинет да подготви нов план до 8 јуни. Тој предупреди дека доколку дотогаш не се исполнат неговите очекувања, ќе ја повлече својата центристичка партија од Владата.

624

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц се закани дека ќе ја напушти Владата доколку до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план.

На прес-конференција, Ганц рече дека бара воениот кабинет да подготви нов план до 8 јуни. Тој предупреди дека доколку дотогаш не се исполнат неговите очекувања, ќе ја повлече својата центристичка партија од Владата.






– Ако го изберете патот на фанатиците и ја одведете целата нација во пропаст, ќе бидеме принудени да излеземе од Владата – рече Ганц.

Поврзани содржини