НЕТАНЈАХУ ОДОБРИ НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ЗАЛОЖНИЦИТЕ Планот на Трамп за преселување на Палестинците останува на маса

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, одлучи да испрати делегација во Доха по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп.

51

Израелската Влада одобри продолжување на преговорите во Доха за ослободување на заложниците, притоа истакнувајќи дека Израел е посветен на рамковниот предлог на американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Рамковниот предлог предвидува примирје околу 40 дена во замена за ослободување на преостанатите 25 живи израелски заложници, кои Хамас ги држи во Појасот Газа.






Но, Израел е против секој договор кој би гарантирал сериозни преговори за завршување на војната, освен ако Хамас не се согласи на сите опции, како што е напуштање на Појасот Газа.

Според неименувани извори, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наредил, за време на преговорите во главниот град на Катар, да не бидат прекинати нападите на израелската армија врз палестинската енклава.

Нетанјаху одлучи да испрати делегација во Доха по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, и по состанокот на  американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби со со Виткоф.

Сѐ уште важи планот Газа да биде „Ривиера на Блискиот Исток“

Израелскиот министер за енергетика, Ели Коен, синоќа изјави дека планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“.

Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен рече дека таканаречениот план за „доброволна миграција“, предложен од Трамп, се следи и понатаму.

Од февруари, Трамп повеќепати повикува на „преземање“ на Газа и преселување на нејзиното население со цел да се развие како туристичка дестинација. Планот беше отфрлен од арапскиот свет и од многу други земји, кои го сметаат за етничко чистење.

– Напорите за имплементација на планот продолжуваат на терен – рече Коен, без да даде повеќе детали.

Министерот изјави дека се водат „напредни разговори“ со 2 земји околу ова прашање, без да ги именува. Тој, сепак, рече дека едната од нив е „исламска“.

– Не гледам сериозен процес на реконструкција на Појасот Газа во следните години. Промовирањето на опцијата за доброволна миграција стана реална потреба, наметната од моменталната состојба во Газа – додаде Коен.

Поврзани содржини