НЕТАНЈАХУ НАРЕДИ ЖЕСТОКИ НАПАДИ НА ЦЕЛИ НА ХЕЗБОЛАХ Трамп најави дека примирјето ќе продолжи уште три недели
Во текот на денот се огласија сирените за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелските медиуми од либанска територија истрелани се три ракети.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските одбранбени сили (ИДФ) „жестоко да нападнат“ цели на Хезболах во Либан.
Претходно, портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае повторно ги предупреди либанските цивил, и покрај примирјето, да не се враќаат во јужен Либан.
Во текот на денот се огласија сирените за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелските медиуми од либанска територија истрелани се три ракети.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека примирјето помеѓу Израел и Хезболах се продолжува за три недели, но и двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на прекинот на огнот.