📷 НЕТАНЈАХУ ЛИЧНО НАРЕДИЛ, ОБЈАВИ И ФОТКА Лариџани и „месарот на режмот“ убиени во ист напад?

Израел тврди дека во воздушен напад во Техеран е убиен шефот на иранската безбедност Али Лариџани, додека ирански медиуми најавуваат негова порака. Во истиот напад загинал и командантот на милицијата.

1,316

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографија со тврдење дека го прикажува моментот кога наредил ликвидација на високи ирански функционери.

Според Израел, во ист напад се ликвидирани Али Лариџани, шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран и Голам Реза Солејмани, компандант на Басиџ познат кого Израел го нарекува „режимскиот месар“.






Додека Израелските одбранбени сили потврдуваат дека го нападнале Али Лариџани во рамки на воздушните удари на три града во Иран, иранските медиуми тврдат дека Лариџани „за неколку минути“ ќе се обрати со порака.

„Режимскиот месар“

Во истиот напад загинал и Голам Реза Солејмани. Тој шест години ги предводеше силите Басиџ, паравоена формација тесно поврзана со Иранската револуционерна гарда.

Под негова команда силите Басиџ ги задушуваа антивладините протести. Организациите за човекови права ја обвинуваат формацијата за употреба на боева муниција против демонстранти и за мрежа на тајни центри за притвор.

 

Kој е Али Лариџани?

Али Лариџани важи за еден од највлијателните политичари во Иран. Тој со години е дел од внатрешниот круг на власта во Техеран.

Моментално го предводи Врховниот совет за национална безбедност. Телото ги координира клучните одлуки за одбраната, нуклеарната програма и надворешната политика.

Претходно бил претседател на иранскиот парламент. Работел и како министер за култура. Бил и главен преговарач во нуклеарните разговори со западните сили.

Лариџани се смета за прагматичен конзервативец со силни врски со безбедносните структури и со Револуционерната гарда. Поради тоа, евентуалната потврда за неговата смрт би претставувала тежок удар за политичкото и безбедносното раководство на Иран.

Напади во Техеран, Шираз и во Тебриз

Израелската војска соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади врз Техеран, Шираз и Тебриз.

Во Техеран биле погодени командни центри на иранските безбедносни сили. Меѓу целите биле седиштето на Министерството за разузнавање и бази на милицијата Басиџ.

Нападите вклучувале и складишта и лансирни позиции за беспилотни летала. Цел биле и ракетни позиции и системи за воздушна одбрана.

Во Шираз бил нападнат штаб на иранската Команда за внатрешна безбедност и складиште за ракети. Во Тебриз биле уништени делови од системот за воздушна одбрана.

Поврзани содржини