НЕТАНЈАХУ ИМ ПОРАЧА НА ИРАНЦИТЕ ДЕКА СЕ БЛИЖИ МОМЕНТОТ НА ВИСТИНАТА Од вас зависи дали Иран ќе биде ослободен
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео порака изјави дека војната против Иран ќе продолжи „без прекин и без компромис“.
Тој изјави дека Израел има „организиран план со многу изненадувања“ за следната фаза од конфликтот, со цел, како што рече, дестабилизација на режимот и иницирање промени.
Обраќајќи се на членовите на Иранската револуционерна гарда, Нетанјаху рече:
– Вие сте исто така на нишан. Кој ќе го положи оружјето, ништо нема да му се случи. Кој не го стори тоа, ќе ги сноси последиците.
Тој му порача на иранскиот народ дека „моментот на вистината се ближи“.
– Ние не се обидуваме да го поделиме Иран. Ние се обидуваме да го ослободиме. На крајот, од вас ќе зависи дали Иран ќе биде ослободен – рече Нетанјаху.
Тој рече дека таквото „ослободување на Иран“ може да донесе мир меѓу Израел и Иран.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп му рекол за време на нивниот состанок во декември дека на Иран мора да му се спречи да добие нуклеарно оружје.
Тој му се заблагодари на Трамп за она што го нарече „историско лидерство“ и рече дека американско-израелскиот сојуз денес е посилен од кога било.