Нетанјаху и Ганц формираа Влада на национално единство во Израел

208

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот противкандидат на изборите Бени Ганц синоќа објавија дека формирале Влада на национално единство, со што е прекината најдолгата политичка криза во историјата на земјата.

Договорот за формирање на Влада за национално единство го потпишаа лидерот на Ликуд, Нетанјаху и претседателот на Партијата Сино и бело, Ганц.






По преодната влада која траеше 16 месеци, три парламентарни избори за помалку од една година, Нетанјаху и Ганц се сретнаа вчера пред почетокот на Денот на сеќавање на жртвите од холокаустот, што во Израел се одбележува од вчера од заоѓање на сонцето до вечерва.

Не се објавени детали од договорот.

Поврзани содржини