Несторовски мора на операција, го пропушта Европското првенство

448

 

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ќе мора да оди на операција на коленото поради што ќе го пропушти историскиот настап на Европското првенство.

Тој денеска бил на преглед во Рим кај професорот Маријани, а дијагнозата е најлошата која можел да ја слушне.






Напаѓачот ќе мора да направи операција на вкрстените лигаменти на коленото за што рехабилитацијата е најмалку шест месеци. Тоа значи дека тој нема да биде дел од Европското првенство.

Тој на Фејсбук напиша дека ќе даде сѐ од себе, ќе го победи и овој предизвик и ќе се вратипосилен од порано.

„Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски.

Несторовски се повреди пред три дена на тренинг на Уднезе. За него сезоната е завршена, а ќе пропушти и добар дел од следната.

Поврзани содржини