„НЕСТЛЕ“ ИМА ТОКСИЧЕН ПРОДУКТ НА ПАЗАРОТ Два смртни случаи и заболено бебе поради контаминиран производ

Повлекувањето се однесува на брендовите SMA, „Beba,“ „Guigoz“ и „Alfamino“, токсин кој може да предизвика смртен исход кај доенчиња.

164

Светот е во паника откако гигантот „Нестле“ започна едно од најголемите повлекувања на бебешка формула во историјата. Француските власти истражуваат два смртни случаи на доенчиња кои го консумирале спорниот производ, додека во Белгија веќе е потврден случај на бебе кое се разболело од опасниот токсин цереулид, пренесува Еуроњуз.

Проблемот потекнува од фабриката на „Нестле“ во Холандија, каде била користена состојка од кинески добавувач контаминирана со бактеријата „Bacillus cereus“. Повлекувањето опфаќа познати брендови како „SMA“, „Beba“, „Guigoz“ и „Alfamino“. Иако во Македонија сè уште нема официјална потврда за спорните серии, родителите се повикуваат на максимална претпазливост и проверка на сериските броеви на амбалажите.






Здравствените власти во над 60 држави алармираат за симптомите на труење со токсинот цереулид, кој е исклучително отпорен на топлина. Симптомите се појавуваат брзо – од 30 минути до три часа по консумирањето на млекото, а најчестите знаци се силно повраќање и водена дијареја, кои често наликуваат на обичен стомачен вирус, што може да ги залаже родителите.

„Нестле“ веќе соработува со меѓународните институции за да се спречат дополнителни трагедии. Родителите кои користат формули од овој производител се советуваат веднаш да се консултираат со педијатар доколку забележат каква било промена кај своето дете.

Поврзани содржини