НЕСТАБИЛНО СО ПОРОЕН ДОЖД Температура до 25 степени

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

125

Времето денеска ќе да биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со воден талог и од над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Сончевото зрачење нема да биде изразено и ќе изнесува УВ=5.






Утринските температури ќе се движат од 8 степени на повисоките места, до 18 степени, а максималните до 25 степени.

Поврзани содржини