НЕСРЕЌА ВО РЕК БИТОЛА Работник од Кравари со повреди по инцидент во рудникот Брод-Гнеотино

Работникот е хоспитализиран во битолската клиничка болница, полицијата изврши увид на местото на настанот.

159

Работник на возраст од 48 години од битолското село Кравари се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во рудникот Брод-Гнеотино при РЕК Битола, информира полицијата.

Инцидентот бил пријавен вчера околу 12:30 часот, во СВР Битола. Повредениот работник, со иницијали Б.М., веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош и биле констатирани повредите.






„Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини