НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА ТУРСКОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ МАРМАРИС Се запали брод, повредени најмалку 19 лица

На туристичкиот брод кој се користи за еднодневни екскурзии кога избиол пожарот имало 96 патници и 6 членови на екипажот.

248

Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на брегот на турското летувалиште Мармарис, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Командата на крајбрежната стража.

– Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми.






Дрвениот брод долг 20 метри, кој се користи за еднодневни патувања, од засега непозната причина се запалил во 16 часот по локално време.

Поврзани содржини