НЕСРЕЌА ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ Скопјанка заврши во болница по пад во автобус

Жената паднала во автобус на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и со сериозни повреди била пренесена во болница.

1,319

46-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако паднала во автобус при нагло кочење на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, информираат од полицијата.

Несреќата се случила вчера околу 6:45 часот, кога жената се превезувала во автобус со скопски регистарски ознаки. Според првичните информации, при ненадејно сопирање на возилото, таа ја изгубила рамнотежата, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.






Повредената била итно пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите ѝ укажале медицинска помош.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини