НЕСРЕЌА СО ФАТАЛЕН КРАЈ Работник почина по пад од зграда во Дебар
Работник од Дебар почина на пат кон болница.
Жител на Дебар го загуби животот денеска претпладне откако паднал од станбена зграда во изградба, на која извршувал работни задачи. Мажот се здобил со тешки телесни повреди и починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11:35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. С. (40) од Дебар.
– Според пријавеното, несреќата се случила околу 11:15 часот, кога лицето паднало од зграда во изградба на улицаа @ОБО ЗЧБратство Единство’, каде што работело. Поради здобиените тешки повреди, починал за време на транспортот кон болницата“, изјави Димоски.
На местото на несреќата излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Дебар. Причините за несреќата дополнително се утврдуваат.
Според неофицијални информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин кој работел на поставување врати и прозорци на објектот. Тие го опишуваат како вреден и посветен човек.