НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Прегазена е 80-годишна жена, возачот побегнал
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), сторителот избегал од местото на настанот.
Вчера попладне во 15:00 во СВР-Скопје било пријавено дека на скопската обиколница била прегазена 80-годишна жена.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), сторителот избегал од местото на настанот.
„На 08.08.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.