НЕСРЕЌА НА РОЛАН ГАРОС Зверев го повреди глуждот, Надал во финале ВИДЕО

708

Тенисерот Александер Зверев тешко го повреди глуждот во полуфиналниот дуел на Ролан Гарос со Рафаел Надал, по што Шпанецот се пласираше во своето 30. гренд слем финале.






Надал го доби првиот сет во тај-брејк и требаше да се игра уште еден кога Зверев незгодно го свитка десниот глужд и остана да лежи на земјата, превиткувајќи се од болка. Тој се врати на теренот по неколку минути, но колку да го предаде мечот и од теренот замина со помош на штеки.

– Ова е многу тешко и многу тажно за Саша. Играше неверојатен турнир, но имаше лоша среќа – изјави Надал, посакувајќи му на Зверев брзо закрепнување.

 

 

 

Поврзани содржини