НЕСРЕЌА НА РЕКАТА ДУНАВ, ИТНАТА ПОМОШ БИЛА АЛАРМИРАНА Бугарски крузер удрил во бетонски ѕид, има повредени

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија, кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.

301

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија, кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.






За несреќата синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА.

Поврзани содржини