НЕСРЕЌА НА ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ Тешко повредено 19-годишно момче
Момчето кое се повредило при извршување на градежни работи е пренесено на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
19-годишно момче З.Љ., се здобило со тешки телесни повреди при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачје на општина Центар. Момчето е пренесено на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил известен инспектор од Државен инспекторат на труд.