МВР ПРИВЕДЕ НЕВИН ЧОВЕК Конзерватив.мк тврди дека нивниот активист не испраќал закани за бомби

745

Никола Николовски, член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк е притворен како осомничен за заканите со бомби во средните училишта во Скопје, информираат од овој центар.

„Како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници Николовски е приведен. Никола е општествено одговорен граѓанин, наш активист кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.






Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“, соопштија Конзерватив.мк.

Новинарот и сопственик на Радио Лидер, Љупчо Златев, вечерва на социјалните мрежи напиша дека Никола бил негов поранешен вработен и дека станува збор за екстремно интелигентен и претприемлив човек од чесно семејство, кој на свои 23 години веќе изградил свој успешен бизнис со е-трговија.

„Во меилот од кој денеска била пратена заканата за бомба бил потпишан со име и презиме „Никола  Николовски“ и во описот бил поставен телефонскиот број на Никола Николовски на социјалните мрежи познат како „Боемот“. Ова претставувало доволен мотив за лудаците од МВР денеска брутално од неговиот дом да го проверат младиот Николовски. Замислете, дали некој е толку глупав своето име и својот број да го стави на најава за бомба“, објави Златев.

 

МВР вечерва информираше дека Н.Н. од Скопје е приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје.
Поврзани содржини