НЕСООДВЕТНИ ЛИЦА СЕ ВРАБОТУВАЛЕ ВО АРМ? Обвинување од пратеникот Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки вели дека во Армијата се примаат лица со трајна ограниченост за служба во Армијата, лице приведено за тешка кражба, како и лице со судска постапка.

359

Во армијата се примени професионални војници, кои се некомпетентни и со законски пречки, приведени за тешка кражба, со судски постапи или со трајна ограниченост, тврдеше претеникот Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Тој презентираше документ, допис од генерал на АРМ, за кој рече дека не е класифициран.






– Ова пред мене е документ е од Генерал штабот неквалифициран документ потпишан од генерал, изработен од подофицер, контролирал потполковник, го одобрил полковник, а е согласен друг полковник со тој документ. И ова е документ за завршена обука на професионални војници, и врз основа на овој документ после тоа овие професионални војници се примени во Армијата или им е продолжен договорот. И сега генералот на Армијата си доставил документ со прилози. Во првиот прилог стои список на примени професионални војници кои ги исполнуваат сте критериуми за прием. Во прилог два е список на новопримени професионални војници за кои предлагаме да не им се продолжат договорите поради законски ограничувања, значи има лица кои што имаат законски пречки да бидат примени односно да им се продолжат договорите за работа. Во прилог три се вели, список на новопримени професионални војници во Армијата за кои практичните тестови се под сомнение дека ги поминале успешно. Значи генералот се сомнева дека овие тестови се поминати успешно. Прилог четири список на новопримени професионални војници во Армијата, кои што отсуствувале повеќе од 10 проценти од обуката, итн – рече Ковачки.

Ковачки вели дека во Армијата се примаат лица со трајна ограниченост за служба во Армијата, лице приведено за тешка кражба, како и лице со судска постапка, додавајќи дека е навистина срамота за држава која е дел од НАТО Алијансата да има војници кои не се професионалци и очекува уште вечерва да почне со апсење доколку навистина како што рече сме сериозна држава.

На прашањето дали тој се сомнева дека ова се луѓето кои што давале мито за да влезат во армијата, Ковачки потенцираше дека единствен начин за вакви лица да влезат во Армијата тогаш е или преку партија или преку плаќање на работното место.

Значи нема друг начин тоа да се случи ако тоа не е направено преку партија СДСМ или ДУИ или ако имаат дадено пари, односно да ги имаат дадено парите во партијата – рече Ковачки.

Поврзани содржини