НЕСОЛЕНА ШЕГА НА РАМА Го нарече Ковачевски премиер на идна Западна Бугарија (ВИДЕО)
Македонскиот премиер без реакција се вклучи во смеењето.
Албанскиот премиер Еди Рама не престанува да се шегува со своите колеги. Така беше и вчера во Солун за време на самитот на Југоисточна Европа.
Додека грчкиот претседател Кирјакос Мицотакис го претставуваше премиерот на РС Македонија Димитар Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц, се вмеша и Рама.
– На идна Западна Бугарија – рече Рама, алудирајќи дека земјава ќе го промени името по втор пат само за да почне преговори со ЕУ.
Македоснкиот премиер Ковачевски не реагираше туку се приклучи во смеењето.