🎥 НЕШТО УДРИ ВО ЈУПИТЕР! Астрономите снимија огромен блесок
Научниците веруваат дека Јупитер игра главна улога во заштитата на внатрешниот сончев систем од астероиди и комети со привлекување и апсорпција на удари или исфрлање потенцијално опасни објекти понатаму во Сончевиот систем.
Астрономи аматери пред неколку дена снимија огромен блесок на Јупитер кој настанал откако небесно тело удри во гасовитиот џин. Ударот се случил на 29 август во 01:45 часот по полноќ. Сликите покажуваат краток блесок на површината на Јупитер кој најверојатно бил предизвикан од удар на комета или астероид.
きのうのTLで知った木星の閃光、撮影したデータを確認してみたら写っていました。
…声が出ました(^^;
日本時間2023年8月29日1:45、世界時28日16:45です。https://t.co/UYhnvAmA63https://t.co/Y7nCHtJq4k pic.twitter.com/g0FerdyoVg— MASA Planetary Log (@MASA_06R) August 29, 2023
Различни вселенски тела често го погодуваат Јупитер поради неговата силна гравитација и близината до главниот астероиден појас. Најзначајниот ваков настан се случи во 1994 година, кога овој гасен џин беше погоден од остатоци од кометата Шомејкер-Леви 9, по што астрономите можеа да видат оштетувања во атмосферата со месеци по ударот, пишува Space.com.