НЕШТО ПОМЕЃУ КАРФИОЛ И БРОКУЛА Шенон, зеленчук кој изгледа како од друга планета

Преку бројни анализи на онтогенетските и морфолошките карактеристики на сортата Шенон, било утврдено дека овој интересен зеленчук е всушност еден вид карфиол, а не брокула. Така, сортата со светло зелени, пирамидални цветови го вбројуваме во посебен вид карфиол – Романеско.

148

Карфиолот е популарен диететски зеленчук од групата на зелки, богат со витамини, минерали и фитонутриенти. Иако потрошувачите претпочитаат карфиол со бели цветови, во последните години на пазарот се појавуваат обоени сорти (портокалови, зелени, жолти и розови цветови), кои се разликуваат по хранливата вредност.

Потрошувачите сѐ повеќе се заинтересирани за „новиот“ зеленчук од групата на зелки, светло-зелениот цвет со необична форма познат како шенон.
Шенон всушност е резултат на вкрстување на две сорти во рамките на видот Brassica oleracea: брокула (B. oleracea var. italica; англиски broccoli) и карфиол (B. oleracea var. botrytis; англиски cauliflower) на што укажува со англиското име „broccoflower“.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини